Кои сме ние

Интернационална компанија за производство на МОЦАРЕЛА и останати млечни деликатеси. Со производство започнавме во Италија, со две млекарници и три продавници, во кои се произведуваа и продаваа 23 вида специфични сирења. Од 2002 година, после 15 години работа во Италија, производството го селиме во гостиварско Беловиште, заедно со уште 3 продажни места ширум државата, со над 20 вида на деликатесни производи од млеко, кои што за првпат се произведуваат во Македонија.

Нашата дејност

Главна наша дејност е производство на МОЦАРЕЛА, по италијанска рецептура без додатоци и конзерванси. Први во Македонија запонавме со производство на деликатесни млечни производи, со врвна италијанска технологија која го извлекува најдоброто од докажаниот квалитет на млекото од западниот регион.

НАШИТЕ ПРОИЗВОДИ

Производниот асортиман е доста широк и го сочинуваат следните видови сирења направени од кравјо, овчо и козјо млеко: Моцарела од кравјо пастеризирано млеко, Моцарела Силано-за пици, Каприно-тврдо козјо сирење, Пепекорино-тврдо сирење со буковец, Пепенеро-сирење со црн бибер, Преземоло-сирење со магдонос и Олива-тврдо сирење со маслинки, Пекорино афумикато-тврдо димено овчо сирење, димени видови на кашкавал и други видови на бели сирења.

Позади нас стојат следните признанија

ЗОШТО ДА ГИ ОДБЕРЕТЕ НАШИТЕ ПРОИЗВОДИ?

Три важни карактеристики кои ги бележат сите наши производи:
Направени со италијанска рецептура и технологија, поткрепена со знаењето и експертизата на италијанските мајстори
За производство на нашите производи користиме свежо млеко исклучиво од домашни фарми
Сите производи во нашата понуда се направени без додатоци и конзерванси