Mozzarella

Нема човек што се нема заљубено во вкусот на неодоливата моцарела. Направена од тазе домашно македонско млеко, воздигнато до перфекција со помош на италијанската технологија и рецептура која на овие простори ја користиме само ние.

Ricotta

Свежо, лесно, кремасто, вкусно. Се користи за полнење на секаков тип на тестенини, но и доста познато е за правење на слатки, како рикота чизкејк. Идеално и за комбинирање со овошје.

Pecorino

Љубителите на овчото сирење многу добро го знаат неговиот силен препознаватлив вкус. Користете го иситнето како пармезан за во салата, или целосни парчиња за целосно уживање, изборот е ваш.

Misto

Тврдо кравјо и овчо мешано сирење. За оние кои што сакаат да го добијат најдоброто од двата вида сирење – Вкусот на овчото и текстурата на кравјото. Нема подобра комбинација, посебно ако е погоден соодносот помеѓу двете, како кај нашето Мисто.

Mucchina

Тврдо кравјо сирење,кравјо пастеризирано млеко, маја, сол, сув производ во кантин

Pepenero

Тврдо кравјо сирење со црн бибер. Зреено 20 дена за потоа да се додадат биберни зрна внатре во самото сирење. Изразено остар зачинет вкус. Идеално за послужување како ордевер. 

Alle Noci

Тврдо кравјо сирење со ореви. Одличен избор за љубителите на сирења со помек вкус, бидејќи оревот ја разблажува соленоста, притоа додавајќи оригиналност во текстурата.

Prezzemolo

Тврдо сирење со магдонос. Само додадете маслиново масло, и уживајте во медитеранскиот специјалитет. Не ви треба ништо друго!

Cesarina

Kашкавалот кој што ќе остави посебен белег на вашата пица, и ќе ја направи да се истакне нејзиниот вкус и квалитет.

Scamorza

Позната е како помалку масната варијанта на моцарелата. Ниската влажност во ова полу-меко кравјо сирење го прави идеално за потпекување.

Caciocavallo

Нема кујна и трпеза без кашкавал. Овој евергрин го обожаваат и најмладите, но и најстарите. Парче квалитетен кашкавал дури и не мора да се служи со ништо друго – едноставно само по себе е специјалитет!

Mozzarella Silano

Доколку сте љубител на пиците, или пак држите пицерија, ова е Моцарелата која што мора да ја пробате во вашите пици. Направете разлика со Силано.

Primo Sale (Dietal)

Младо ниско-масно кравјо сирење. За тие што сакаат да уживаат во вкусот на сирењето, но не ги сакаат маснотиите што доаѓаат со него, ова е идеалниот избор за вас.

Pecorino affumicato

Тврдо димено овчо сирење. Сјајниот Пекорино вкус, засилен со интензивниот вкус што произлегува од природниот процес на чадење. Вистинските гурмани знаат што е тоа!

Caprino

Козјите сирења како Каприното се сѐ повеќе барани на пазарот. Оригинална текстура и истакнат вкус за вистинските гурмани.

Mucchina affumicato

Димен кравји кашкавал. За пософистицирани гурмани и за ресторани во кои што се служат врвни класни вина.

Peperoncino

Тврдо кравјо сирење со буковец. Ако обожавате зачинета храна, ова е идеалното парче сирење за вас. Идеално за послужување со квалитетни црвени вина.

Oliva

Тврдо кравјо сирење со маслинки. Сите ја знаеме комбинацијата. Но заедно подготвени, тој препознатлив медитерански вкус ќе направи дополнителна засилена сензација на вашите непца.

Menta

Тврдото кравјо сирење со нане е стар рецепт, кој што нашите предци одамна го користеле на овие простори. Нашата цел е повторно да го популаризираме тој медитерански освежувачки вкус и да го донесеме пак на нашите трпези

Cesarina Affumicata

Димен кашкавал, нашиот специјалитет. Почувствувајте ги мирисот и вкусот кои што ќе ве одведат на неповторливо медитеранско патување.

Scamorza Affumicata

Исто како и обичната Скаморза, и чадената одлежува 2 недели, но на строго контролиран чад од дрво. Доволно за да направи една магична, тенка и вкусна обвивка околу Скаморзата – мека и нежна одвнатре, вкусна и силна однадвор – неодолива комбинација.

Бело кравјо сирење

Бело кравјо сирење - најпознатото и најкористеното сирење и во домовите и во рестораните. Посебно популарно како додаток за во салатите, бидејќи го истакнува и дополнува вкусот на секој зеленчук.
Касеифицио Цезарина Фејзи 

Без разлика дали сте сопственик на ресторан, или сте само гурман кој што сака да вкуси вистински квалитет, нашите производи ќе може да не најдете на следните 3 локации: Продавницата кај фабриката, Буњаковец во Скопје и Маврови Анови, или нарачајте веднаш.