Caseificio Cesarina Fejzi Ние сме итернационална компанија за производство на МОЦАРЕЛА и останати млечни деликатеси, со две млекарници и три продавници во Италија во кои се произведуваат и продаваат 23 вида специфични сирења. Од 2002 година, после 15 години работа во Италија, се отвора производствен погон и во гостиварско Беловиште, заедно со уште 3 продажни места ширум државата, со 20 вида на деликатесни производи од млеко, кои што за првпат се произведуваат во Македонија.
Производниот асортиман е доста широк и го сочинуваат следните видови сирења направени од кравјо, овчо и козјо млеко: Моцарела од кравјо пастеризирано млеко, Моцарела Силано-за пици, Каприно-тврдо козјо сирење, Пеперончино-тврдо сирење со буковец, Пепенеро-сирење со црн бибер, Преземоло-сирење со магдонос и Олива-тврдо сирење со маслинки, Пекорино афумикато-тврдо димено овчо сирење, димени видови на кашкавал и други видови на бели сирења.