social image

Квалитетниот вкус не познава граници

Млечниот мост помеѓу Апенините и Балканите

Интернационална компанија за производство на МОЦАРЕЛА и останати млечни деликатеси. Со производство започнавме во Италија, со две млекарници и три продавници, во кои се произведуваа и продаваа 23 вида специфични сирења. Од 2002 година, после 15 години работа во Италија, производството го селиме во гостиварско Беловиште, заедно со уште 3 продажни места ширум државата, со над 20 вида на деликатесни производи од млеко, кои што за првпат се произведуваат во Македонија. Прочитај повеќе...

Caseificio Cesarina Fejzi Ние сме итернационална компанија за производство на МОЦАРЕЛА и останати млечни деликатеси, со две млекарници и три продавници во Италија во кои се произведуваат и продаваат 23 вида специфични сирења. Од 2002 година, после 15 години работа во Италија, се отвора производствен погон и во гостиварско Беловиште, заедно со уште 3 продажни места ширум државата, со 20 вида на деликатесни производи од млеко, кои што за првпат се произведуваат во Македонија.

Производниот асортиман е доста широк и го сочинуваат следните видови сирења направени од кравјо, овчо и козјо млеко: Моцарела од кравјо пастеризирано млеко, Моцарела Силано-за пици, Каприно-тврдо козјо сирење, Пеперончино-тврдо сирење со буковец, Пепенеро-сирење со црн бибер, Преземоло-сирење со магдонос и Олива-тврдо сирење со маслинки, Пекорино афумикато-тврдо димено овчо сирење, димени видови на кашкавал и други видови на бели сирења. 
Направени со италијанска рецептура и технологија, поткрепена со знаењето и експертизата на италијанските мајстори
За производство на нашите производи користиме свежо млеко исклучиво од домашни фарми
Сите производи во нашата понуда се направени без додатоци и конзерванси